Двајца политичари во понеделникот јавно се држеа за раце кога пристигнаа на преговорите за формирањето на новата холандска влада во Хаг.
Мажите ширум Холандија се држат за раце во солидарност со еден геј пар кој во неделата (2 април) во источниот град Арнем беше брутално нападнат од група од шест до осум мажи кои ги виделе како се држат за рака.
Парот при тоа се здобил со сериозни телесни повреди.
Хомофобичното злосторство од омраза ја шокираше Холандија, која во 2001 година стана првата земја во светот која го легализираше истополовиот брак, и наиде на осуда од јавноста, како и од холандскиот премиер Марк Рут.
Двајца политичари во понеделникот јавно се држеа за раце кога пристигнаа на преговорите за формирањето на новата холандска влада во Хаг, во солидарност со претепаниот геј пар.
Солидарноста ја иницираше холандската спортска новинарка Барбара Баренд која преку Твитер ги повика мажите да одат фатени за раце, за да испратат јасна порака против насилството врз ЛГБТИ заедницата.
На солидарноста се придружи и холандската мисија во Обединетите Нации во Њујорк.
Во последните 24 часа беа споделени многу фотографии од мажи, и геј и стрејт, кои гордо искажуваат наклонетост еден за друг во јавност, за да демонстрираат дека хомофобијата никогаш нема да победи.
Извор: infomax.mk