Прилепскиот кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ, кој и оваа сезона ќе се натпреварува во Втората кошаркарска лига на Македонија, формира своја подружница која ќе го носи името КК МЕГА БАСКЕТ ЈУНИОР.
Идејата е овој нов клуб да служи за усовршување на младите категории, и истиот ќе се натпреварува во Третата лига при КФСМ.
Токму затоа менаџментот на клубот бара поддршка од бизнисекторот, да го помогнат проектот со финансиски средства.
Целта е преку овој нов клуб да се откријат нови таленти помеѓу младите вљубеници во кошарката во Прилеп и регионот, а потоа истите да напредуваат, да дадат свој допринос за растот на прилепската кошарка, а зошто да не и да станат идни репрезентативци.
За жал засега никој од бизнис секторот не излезе во пресрет на овие дечки, да го помогне нивниот раст и развој до врвни спортисти на Прилеп и Македонија. Родителите и клубот се надеваат на помош од Стопанската комора Прилеп, од каде очекуваат да наидат на разбирање и поддршка за издигнување на прилепската кошарка, а потребни се само 4.000 евра, средства кои за бизнис секторот не би претставувале некој голем проблем.
Затоа се’ уште останува апелот за секој кој може и сака да го помогне проектот, да контактира со менаџментот на клубот на следниот ЛИНК