На 6. декември ќе започне најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали, сениорските во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.
Oрганизаторите се’ уште ги немаат објавено сите детали, за тоа колку екипи ќе земат учество на турнирот, и кои ќе бидат сумите за паричните награди за најдобрите.
На официјалната Фејсбук страна на турнирот пишува само дека деталите ќе бидат познати наскоро.
Како потсетување, минатата година екипата на Теа Андреа/Хајв кафе го освои првото место, второрангирани беа АСП ПАК, а третото место го освои Компанија Атанасовски.