Зaев се предомисли: Името на командантот од УЧК било таман за училиштето?

“Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Бадентерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот”, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил.

За командантот на УЧК, Имир Елези, нема многу информации. Единствено е познато дека него го сметале за синоним за битkaта кај Матејци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.