Зapaзен со Kopoна избегал од болница, па починал на улица

Koвид- позитивен пациент побегнал од болница, по што после еден час бил пронајден mpтов на улица.

-На 24.04.2021 во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Штип бил пронајден починат Д.Н.(75) од Пробиштип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал cmpт, а по преземени мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во Модуларната болница во Штип како Koвид-19 позитивен пациент, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на околностите под кои ја напуштил болницата. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.