Уште еден криминалец близок до опозицискиот лидер Зоран Заев вечерва падна во рацете на полицијата, објави порталот Журнал.нет.
Порталот НетПрес вечерва објави дека Сеад Р. заедно со уште две лица, уапсен е вечерва од полицијата, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко.
Полициски извори за НетПрес велат дека осомничениот кој вечерва е приведен и е организаторот на групата е Сеад Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското Собрание.
-Според информациите до кои дојде Журнал, станува збор за Сеад Рахиќ, брат на поранешниот пратеник од СДСМ, Есад Рахиќ, инаку познат лик од скопското подземје, кој во бројни случаи имал проблеми со полицијата и законот. Сеад Рахиќ важи и за особено близок до Зоран Заев и раководството на партијата, пишува Журнал.
Сеад Рахиќ досега е пријавуван за повеќе дела од областа на насилниот криминал. Против него полицијата има поднесено четири кривични пријави, д кои две за насилство во 2002 и 2008 година (со употреба на пиштол и стап). Освен овие, против него се поднесени уште две поединечни пријави по член 156 од 1983 година и 1981 година, пишуваше неодамна порталот Инфомакс.
Јавноста го памети Сеад Рахиќ и по изјавата дадена за време на протестите на опозицијата на почетокот од мај 2015-та година кога беа повредени десетици полицајци, само неколку дена пред настаните во Диво Насеље. Рахиќ тогаш изјави дека, тоа не биле протести, туку дека протестите допрва ќе дошле.
-Ова е претходница, не се протести, протестите тек ќе дојдат покасно малце. Ова е претходница да им се покаже малце, само малце. Нема да има масовни протести, ќе има крај, изјави Сеад Рахиќ.