ЖРК Прилеп победи два противници истовремено: Им одржаа лекција на битолчанки и на судиската двојка

15050436_10210912802121228_1261979688_n

Вчера се одигра пелагониското дерби во женската ракометна Супер лига, помеѓу екипите на ЖРК Прилеп и ЖРК Пелистер во Битола. Натпреварот кој се играше гол за гол, со постојано преземање на водството на двете страни, им припадна на девојките од ЖРК Прилеп со резултат 21:22 (11:9 на полувремето). Покрај воочливата помош од судиската двојка од Гостивар за домашната екипа, нашите девојки храбро одиграа и издвојуваа значајна победа. Со ова девојките од ЖРК Прилеп докажаа дека се за класа подобри и можат да се носат и против два противници истовремено. Им честитаме за победата.

Веќе во среда со почеток од 19:00 часот, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” нашите девојки ќе ги одмерат силите со Вардар, а викендов следува важно гостување во Гевгелија, каде победата е императив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.