Акцијата за делење на пакети со продукти која ОО СДСМ Прилеп ја започна пред неколку дена, продолжила и во текот на вчерашниот ден.
Според партијата пакети со продукти се делат на социјално загрозени семејства, како помош за справување со пандемијата предизвикана од коронавиpycoт.
Во текот на вчерашниот ден пакети се делеле во месната заедница Корзо.
Како што дознаваме комбето со кое се превезувале пакетите било нерегистрирано, а возачот бил без возачка дозвола, па откако полициски службеници извршиле контрола следувала казна.