Maкедонскиот спортски новинар и автор на ТВ проектот “Полн погодок”, Игор Александровиќ, непосредно пред натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем во Скопје, го замоли Жозе Мурињо за заедничка фотографија, а со цел да го исполни сонот на својот покоен татко.
Мурињо со задоволство прифати и му рече на Игор да го чека пред или после натпреварот и да му ја исполни желбата.
За овој гест на “специјалниот” деновиве зборуваше целиот спортски свет, а веста ја пренесоа речиси сите спортски медиуми.
И како што вети така и направи. Мурињо се фотографираше со Игор пред натпреварот, а новинарот најави повеќе детали од средбата во најновата емисија “Полн погодок”.
“Добро утро другари… Уште сум под импресии и емоции со оглед дека за 2 дена и е роденден на мојот татко… Ех да беше тука. Утре во емисија прилог и се што се случи и случуваше… Со Жозе Мурињо”, напиша вчера Игор на својот Фејсбук профил.
Во разговор за порталот “Оффнет”, Игор истакнува дека на Мурињо му подарил книгата „Macedonian Empire (Македонска империја)“ чиј автор е Џорџ Атанасоски, сопственикот на тв-куќата во која работи, како и знамето со сонцето од Кутлеш.
Во продолжение уште еднаш прес конференцијата и одговорот на Жозе пред натпреварот:
A journalist told Jose Mourinho how his late father used to idolise him and his response was incredible… ??
Lovely gesture from Mourinho… ? pic.twitter.com/1Ng7afuLJM
— SPORTbible (@sportbible) September 23, 2020