Жителите на Сирково го блокиpaa патот Гpaдско-Прилеп (Видео)

Жители на Сирково утрово започнаа со блокада на градежната механизација, барајќи приклучок кон брзиот пат Градско – Прилеп. Тие бараат и асфалтирање на патот кон селото, откако ќе заврши изградбата, бидејќи со механизацијата се уништил.

Претседателот на месната заедница, Веле Коцев информираше за МИА дека селото има над 500 жители, но редовно доаѓаат викендаши и посетители.

– За сите претставува проблем тоа што нема приклучок кон новиот пат, па ќе мораме да вртиме петнаесетина километри до Градско. Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или „петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители, појасни Коцев.

Како што нагласија, овој проблем датира уште од 2015 – 2016 година.

Нивните проблеми беа слушнати и од поранешниот, како и од сегашниот градоначалник на Росоман, Бранко Јанев и Стојан Николов, кои присуствуваат на блокадата и им дадоа целосна поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.