Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески одржа средба со Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија и членовите на Здружението за рурален развој на Мариово.
Деновиве поддршка за него пристигнува од голем број здруженија, стопанственици и разни интересни групи граѓани.
Јовчески на сите средби пренесува позитивна енергија и ги презентира мерките и проектите предвидени за сите граѓани во неговата програма.