Полициски екипи го обезбедуваат селото Бујковци, каде што очевидци кажале дека воздухопловно летало се движело многу ниско над нивите и се претпоставува дека истото било урнато, пренесува „Телма“.
Жителите им кажале на полицајците дека станува збор за беспилотно летало, кое не било пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.
Локалните жители на селото Бујковски пријавиле во полиција дека имало наводен пад на авион, а истите пријави пристигнале и до Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави „Телма“.
Во моментов не може да се искористат хеликоптери за да се истражи теренот, а екипите на полицијата го напуштиле теренот.