Жител од прилепско пријавил дека неговата малолетна ќерка избегала кај љубовникот во велешко село

На 07.12.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Прилеп Е.А.(40) од с.Лажани, прилепско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.А.(17).

По кажување на пријавителот, таа заминала со Д.С. во с.Црквино, велешко, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – стои во соопштението од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.