Жител од прилепско итно донесен во болница: Го поправал тракторот, па следно се нашол под него

На 01.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(70) од с.Црнилиште, општина Долнени. Според пријавеното, додека го поправал тракторот во дворот од семејната куќа, тракторот се придвижил и Б.И. се здобил со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.