Жител од Новаци со автомобил удрил во двајца пешаци од Прилеп

-На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп. Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.