На 25.07.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Б.(32) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон својата 62-годишна мајка и се обидел физички да ја нападне.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.