На 26.04.2022 во 01.20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода П.Т.(42) од село Бучим, крушевско, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ издадена од Интерпол.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.