Холивудските ѕвезди, па и дамите од српската естрада често можеме да ги видиме во креации со ултра длабоко деколте.
Од Кендал Џенер до Јелена Карлеуша, овие дами знаат дека сексапилот скокотка, па така често ги интригираат фановите со провокативни фустани, кошули, палта.
Но во последно време за смели креации се почесто се одлучуваат и македонските ѕвезди.
Во една пригода Каролина Гочева ја видовме со палто со длабоко деколте, во друга Марјана со фустан кој не се заборава, во трета Елена Ристеска со подеднакво смела тоалета, а на фолкерката Сани овој тип на фустани и се омилени. Тие знаат која е вистинската доза на сексапил и како сето тоа да биде провокативно, но вкусно.
Еве некои од нивните највпечатливи изданија.
Извор: Курир