Жените родени во знакот Јарец се ретки личности кои постојано го штитат своето срце од другите луѓе. Нивните умови се како кодот на Да Винчи. Тие се мистериозни и комплексни и живеат за моментот кога ќе можат да бидат слободни.
Овие жени чекорат на дивата страна од животот, но секогаш тоа го прават со силна самодоверба.
Нејзините чекори се бавни. Таа гледа два пати пред да ја премине улицата. Нејзиното лице е скриено од светот, а нејзиното срце можат да го најдат само најретките. Таа има проблем да ги искаже своите емоции. Оваа жена видела многу болка, но силно чекори низ неа, како ништо да не се случило.
Не е најголемиот оптимист кој ќе го запознаете. Напротив, подготвена е дека животот понекогаш носи разочарувања и многу свесна е за тоа. Но, сепак секогаш се надева на најдоброто.
Таа открива многу малку за себе. Ако успеете да ја натерате да ви се отвори или да го украдете нејзиното срце, како да сте го решиле предизвикот на рубиковата коцка.
Оваа жена често се бори со тоа да најде мир со своите несигурности. Често и е потребно време да ја дефинира својата вредност, да верува некому.
Иако делува студена, сепак сака да биде сакана, со страст. Нејзината љубов го вади најдоброто од луѓето. Таа ги забележува сите детали и обрнува огромно внимание на оние кои ги сака.
Оваа жена се грижи вистински за луѓето во нејзиниот живот. Таа ги прифаќа луѓето онакви какви што се.