Светското првенство се случува еднаш на 4 години, но да се присуствува на турнирот и да се бодри својата репрезентација, е можеби можност еднаш во животот.
Несреќниот Хавиер од Мексико добил забрана од неговата жена да замине на Светското првенство во РУсија и да ги бодри мексиканските фудбалери заедно со своите пријатели.
Но, неговите пријатели направиле гест кој деновиве го обиколи целиот свет. Тие направиле картон со ликот на Хавиер и го понеле со нив, за нивниот другар да биде присутен на сите случувања.