Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство.
Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници…
Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат. Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.
Најновото дело на Светлана е ликот на познатата ТВ водителка, Лила Филиповска.
Погледнете:
Неодамна за Маркукуле, Светлана раскажа повеќе за нејзиното хоби и професија.