Пол Тапер, британски инженер од Давон, отсекогаш по работата и за викенд многу време поминувал во локалната кафеана. Неговата сопруга Џејн била незадоволна што сопругот почесто е во пабот отколку дома, па одлучила „елегантно“ да го реши проблемот – на Пол да му напрваи кафеана во дворот на нивната куќа, а ја именувала „Куќичка за кучиња“.
-Мојот сопруг отсекогаш сакаше често да биде во локалната кафеана. Не успевав да го задржам дома. Често размислував што да направам и мислам дека ми дојде убава идеја. Ја направив кафеаната во дворот. Кога сега ќе ме прашаат каде ми е сопругот, им велам – „во куќиќката за кучиња“, вели Џејн, инаку медицинска сестра и мајка на три деца.
Најголем трошок за пабот и’ биле дозволата и рамнењето на дворот што ја чинело околу 15.000 фунти. Градела рационално, па другите трошоци максимално ги редуцирала. Очекува во новоотворениот паб да имаат и гости, а во него ќе организираат и разни забави за роднини и пријатели.
Освен сопругот, со пабот се среќни и децата на Пол и Џејн – Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат многу пари зашто сега ќе трошат во свој локал во кој ќе им доаѓаат и пријатели.