Жена од битолско со тешки повреди пренесена во болница, откако со автомобилите се судриле со 19-годишно момче

-На 08.01.2026 во 14:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„8 Септември“, ул.„Крсте Нале“ и ул.„Раштанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(19) од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната М.Ц. од с.Кукуречани, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ц., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.