Железни џинови го запоседнаа Прилеп: Голем број прилепчани уживаа во вистинско “оф-роуд” шоу (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Викендов Прилеп по трет пат беше домаќин на меѓународниот натпревар „Macedonian Trophy 4×4“, кој се одржува во организација на клубот за екстремни спортови “Оф роуд Прилеп”. На релито учествуваа над 300 возачи на џипови од повеќе земји.

„Macedonian Trophy 4×4“ е единствено натпреварување во земјава од ваков карактер и претставува одлична промоција на Прилеп и Македонија во пошироки рамки.

Oваа година новитет беше тоа што натпреварите се одржуваа во три дена од кои првата етапа се возеше во ноќни услови во петокот.

Вчера учесниците требаше да поминат траса долга околу 60 километри кај Лагово, а денеска се возеше затворената траса на полигонот за екстремни спортови ‘Старо Лагово’.

ФОТО: Филип Илиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.