Жално….Вандализмот го уништува убавиот лик на општината!!!

13140729_10207826353191184_291180213_n

И покрај тоа што сеуште не беа завршени Велигденските празнувања, како и покрај сите осуди кои стигнаја од граѓаните и граѓанските организации во Прилеп, продолжи нагрдувањето и уништувањето на општинската зграда од хулиганите на СДСМ.

На трет ден Велигден, вандалите повторно се изживуваа врз новата општина.

Изминатата недела на социјалните мрежи излегоја и фотографии кој се е во првите редови на овие насилни протести. Притоа можеше да се види дека токму вработени на СДСМ во општинската администрација, кои се платени од парите на народот, фрлаат и нагрдуваат нешто што не го создале.

13140557_10207826353231185_1830652138_n

Повторно пренесуваме фотографии од синоќешните уништувања, за граѓаните сами да проценат, дали се за општокорисни проекти, програма и градење на општеството во кое живеат, или ги поддржуваат ваквите вандалски, девијантни појави.

13181077_10207826352991179_384681597_n

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.