Состојбата со езерата во Македонија веќе извесен период е алармантна. Лошото управување со езерата е очигледно, а никој засега не презема ниту одговорност, ниту мерки за нивно спасување.
Овие фотографии се од Мавровското Езеро се денешни, а на нив може да се забележи драстично намалување на нивото на езетото. Потопената црква „Свети Никола“, која некогаш била целосно под вода, сега е на суво тло.
Мавровското езеро е само едно од езерата во Македонија кое се наоѓа во ваква состојба. Ништо подбра не е ситуацијата и со Тиквешкото езеро, а веќе неколку години алармантна е состојбата и со второто по големина природно езеро-Преспанското.