Фактите на терен го демантираат министерот за земјоделство, водостопанство, шумарство и водстопанство Трајан Димковски дека нема проблеми со откупот на тутунот. 80 пакети тутун, сопственост на само еден тутунар стојат неоткупени во подрум.
Ова беше потврдено при посетата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, водостопанство, шумарство и водстопанство Цветан Трипуновски.
Иако производителот имал валиден договор со откупните комапнии, не му го откупиле, ниту во прилепското ниту во битолското претставништво на откупната фирма. Освен тоа, го потценувале квалитетот на тутунот, наместо да го оценуваат со едница, односно прва класа, тие процениле дека е двојка.