ЖАЛНА ВЕСТ: Почина прилепскиот моторџија Љупчо Црвенковски

Рано утринава на 27 годишна возраст почина Љупчо Црвенковски, објави порталот Мотори.

ljupco-crvenkovski-1-640x424

Младиот моторџија Љупчо Црвенковски од Прилеп боледуваше веќе извесно време, за него се организираше и хуманитарна акција, а многумина од нас помогнаа преку броевите за донации. За жал тоа не беше доволно, Љупчо не ја издржа борбата со подмолната болест и утринава замина од овој свет.

Погребот ќе се одржи утре (05.4.2016) на новите гробишта во Прилеп со почеток од 14.00 часот.

Нека почива во мир!

ljupco-crvenkovski-640x337




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.