Жeнa го тyжи мaжoт: Смeeла да се тyшиpa еднаш неделно, да кopисти “два лиcта” тоалетна и да се миe лице два пати со иста вода

Во Италија, скржав сопруг не ѝ дозволувал на сопругата да се тушира ​​повеќе од еднаш неделно. Домаќинката на суд сведочела дека ѝ било дозволено да користи „само два листа тоалетна хартија“, а водата со којашто си го миела лицето, морало да ја зачува во мијалникот „за повторна употреба“.

Ова, пишува „Ла стампа“ (La Stampa), се само дел од апсурдните услови коишто важеле за жената од Болоња под притисок на овој Италијанец, кој ги надгледувал сите трошоци на нивното домаќинство. Штедењето за него било вистинска опсесија, но кога тоа ќе се наметне на сопругата или друг член на семејството, се претвора во кривично дело – злоупотреба. Таква е одлуката на Врховниот суд којшто ја потврдил казната на насилниот сопруг.

Судот истакна и дека семејството не е во финансиски тешкотии, бидејќи и двајцата сопружници имале работа и плата. И покрај тоа, мажот ѝ наметнал на сопругата начин на живот кој подразбира многу жртви, ограничувања и потполно угнетување, и кога е во прашање секојдневното водење на домаќинството.

За време на пазарењето, на пр., Италијанката не смеела да купува брендирани производи, туку само оние „на распродажба, битни за дома“ и облека. Освен тоа, сопругот ѝ наложил да користи само лажица или само виљушка и по една чинија за оброк.

Ситуацијата во куќата најдобро ја опишува следнава епизода – во една прилика сопругата ја фрлила искористената кујнска хартија во корпата за отпадоци, но сопругот ја извадил и рекол дека хартијата сѐ уште е употреблива и дека дури може и да се подели на десет парчиња и повторно да се искористи, објави „Ил месагеро“ (Il Messaggero).

Пријателите на жената и нејзиниот татко сведочеле во судскиот процес и истакнале дека за време на заедничкиот живот со сопругот, некогаш насмеаната и здрава жена се изолирала и ја изгубила независноста и почнала да страда од психички проблеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.