Ештон Качер со својата „тесла“ удри во 19-годишниот Лео Маренги, па се фотографираше со него. Момчето се возело со својот скутер, кога актерот налетал на него и го турнал на земја.
Но, и покрај раскрвавеното колено, Лео не ја пропушти можноста да направи неколку фотографии со холивудската ѕвезда.
– Ме удрија со автомобил денеска… Но, ОК е, зашто тоа беше Ештон Качер, напиша момчето на Фејсбук.
Сето тоа се случило во Лос Анџелес, кај познатото филмско студио „Сансет Бронсон.