Нант направи изненадување и го порази ѕвездениот тим на ПСЖ. Блескавата игра ги донесе во првото финале на ракометната Лига на шампиони, а најголема заслуга за тоа имаат осумте погодоци на Кире Лазаров.
Дури и ЕХФ после мечот на својата веб страна, победата индиректно му ја препиша на Лазаров, потсетувајќи дека капитенот на македонската репрезентација сега е најдобар стрелец на “Фајнл-фор” турнирите на сите времиња.
Со вкупно 59 постигнати голови, Лазаров е новиот топ стрелец на “Фајнл-фор” турнирите.
Осум погодоци постигна и пикерот на Нант, Николас Турнат.
Како други интересни податоци после натпреварот Нант-ПСЖ, ЕХФ издвојува:
-Колегата на Лазаров, Доминик Клејн, ќе го игра седмото финале во Лигата на шампионите.
-После Фленсбург во 2014 и Вардар во 2017, Нант е третиот дебитант кој стигнал до финалето
-Левото крило на ПСЖ, Уве Генсхајмер се израмни по бројот на постигнати погодоци со Маркус Олсон, двајцата имаат по 88 голови во сезоната 2017/18