Ефтов: СДСМ ангажира луѓе од криминалното подземје за да дојде на власт (ВИДЕО)

Новинарот Васко Ефтов, во својата синоќешна емисија ,,Во Центар” под наслов ,,Кој ги активираше криминалците на протестите!” , расветлува голем дел од делувањето на СДСМ, кои преку поврзување со криминалното подземје насилно сакаат да дојдат на власт, нешто што очигледно не им успева, бидејки граѓаните не сакаат да бидат водени и да бидат во врска со криминалци, кои имаат богато криминално досие.

 

eftov-v-centar

Ефтов како класичен пример за врската СДСМ-криминално подземје го посочува Иванчо Павловски, кој е во првите борбени редови на ,,Шарената револуција” , која изминатиов период како мала хулиганска група дивееше низ центарот на Скопје, оштетувајќи државен имот: згради, мостови и споменици. И нарушувајќи го мирот на граѓаните. За Павловски , Ефтов рече:

-Кога ќе го прочитате тоа затворско или казнено CV на Иванчо Павловски, тоа му доаѓа ко некој телефонски именик, јас ќе пробам само да набројам или да нотирам неколку од тие казни кои што тој ги има одслужено: Казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, за кривично дел убиство; Казна затвор во траење од 8 месеци за кривично дело по член 288 за предизвикување општа опасност во 2007 година; Казна затвор во траење од 6 месеци за кривично дело од член 387 од  1998 година; Мерка засилен надзор од родител, кога бил малолетен; Па имаме кривично дело по чл.132, па кривично дело чл. 123, па кривично дело чл.131 и да не редам надоле, како што велам станува збор за вистински телефонски именик на кривични дела што се врзуваат за овој човек, тој човек е во првите борбени редови на таа Шарена Револуција.

Ефтов додаде дека, Павловски не е единствен човек со криминално досие, а кој е дел од првите борбени редови на ,,Шарената револуција” , туку тој посочува дека такви лица од страна на СДСМ се ангажирани во поголем број.

-Господин Павлоски не е единствен од тоа криминалнио миље кој е вклучен во тие протести на ,,Шарената Револуција”  има барем 7 луѓе за кои има докази дека имале кривични пријави или кривични казни или кривична одоговорност, на пример тоа е : господинот Митковски за одредени телесни повреди, па господинот Гаврилоски надзор од родител, па господинот Цветковски за одредена казна во траење од 6 месеци, па господинот Куковски за одредени сообраќајни прекршоци , па господинот Георгиевски за фалсификување на исправа, Мајновски некаде 2 или 3 казни во траење од 3 години, господинот Шабановиќ итн… На пример на протестите во Велес може да се детектираат или да се видат припадници на таа ,,Франкфурт мафија” , слични криминални групи има во Битола, одредени припадници кои беа осудувани или гонети во тоа дело поврзано со ,,Детонатор” се најдени или може да се детектираат во тие протести во Источна Македонија, одредени припадници на Санџачкото криминално миље може да се детектираат или да се видат на тие скопски протести, тоа е една шарена група која брои некаде помеѓу 100 и 200 луѓе кои се во тие први борбени редови на таа ,,Шарена револуција”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.