Новинарот Васко Ефтов, во својата најнова емисија „Во Центар“ ги обелодени резултатите од последните анкети, направени во јануари годинава.
На тие анкети, вели Ефтов, се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.
-На пример, кога се мери излезноста на сите гласачи и кога се мери заедно на Македонци, Албанци, Роми и Турци тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 18,2%, СДСМ има 17,5%. Тоа значи некаде 0,7-0,8 отсто предност и водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има најнизок резултат во ноември минатата година, тоа е ситуацијата во која 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени или се одметнуваат од партијата. Најнискиот резултат на СДСМ е во август месец минатата година и изнесува 12,9 %, но тоа се должи можеби и на годишните одмори, истакна Ефтов.
Ако се земат предвид само гласовите на Македонците, според овие анкети, ВМРО-ДПМНЕ ужива убедливо најголема поддршка.
-Кога би се мерел рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само кај Македонците или кај вкупниот број на Македонци, тогаш разликата е огромна во корист на ВМРО-ДПМНЕ. 28% од вкупниот број на Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 18% би гласале за СДСМ. Тоа е разлика од 10%. Но, ако се мерат само луѓето кои ќе излезат да гласаат на предвремени парламентарни избори или на претседателски избори, тогаш разликата се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, вкупниот број на гласачи, без разлика на етничката припадност кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ е 34,9%, а вкупниот број на гласачи кои би гласале за СДСМ е 33,7% или разлика од некаде 1,2%. Ако се мери довербата само кај Македонците, тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55%, а за СДСМ 35%, рече новинарот.