Новинарот Васко Ефтов, реагираше на последните вработување во Специјалното јавно обвинителство.
Медиумите деновиве пишуваат за вработувањата како награда за бранење на ставови на СЈО, како и непотизам во ова јавно обвинителство.
На ова реагираше новинарот Васко Ефтов, кој на својот Фејсбук статус напиша:
-Бидејќи е сопругата Соња невработена би било добро да ме поканат на една дебата во Телма или во 24 Вести каде би ја фалел работата на СЈО и работењето на Катица Јанева бидејќи тоа е најдобрата гаранција за сигурно работно место. Еве може да ме покани колешката која во новата сезона од четири емисии две посвети на СЈО или другата колешка кога ги писува оние убави колумни за ликот и делото на Кате национале во Германски бран ( написано на германски 🙂 ) бидејќи е јавна тајна дека двете колешки заедно го писуваа последниот извештај за работењето на СЈО кој потоа беше објавен во јавноста. Вака така СЈО отвори повеќе работни места од која била голема странска инвестиција во РМ, напиша Ефтов на Фејсбук.
Тој во коментар додаде дека „На крајот на краиштата и СЈО е странска инвестиција во Македонија.“