Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија и во вториот дуел од Лигата на шампионите од Фуксе Берлин, но атмосферата на “Чкембарската трибина” беше еуфорична во сите 60 минути од натпреварот, особено во еден момент кога прилепчанец ја запроси својата девојка.
Станува збор за Душко Алексоски, чаршиско дете од Прилеп кој живее и работи во Германија, а четири години учел во средното училиште “Ѓорги Наумов” во Битола. Токму во средношколските денови тој ја добил љубовта и страста да навива за Пелистер. Тој клекна на трибината и ја побара за жена неговата девојка од Ријека, Хрватска.
За остварување на неговата желба му помогнаа и самите навивачи Чкембари кои на обезбедувањето кое беше задолжено за преглед на сите кои влегуваат им беше предочено дека Душко крие кутивче со прстен во еден од џеповите, и бидејќи ќе влегуваат заедно со неговата сакана истиот треба да се пропушти за да не се расипи изненадувањето.
Нека им е со среќа! Да си дочекаат долг заеднички живот полн со меѓусебно разбирање, а Бог да ги дарува со многу дечиња!
ИЗВОР: “BABAMBITOLA.MK”