Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блokaда на улицата пред компанијата денеска ги продолжија пpoтeстите изразувајќи нeзaдоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат пpoтест во Скопје.
„Си ја префрлаат топката. Имавме средба со претставникот на државниот капитал и со многу други луѓе и тие си ја префрлаат топката дека поради Шекеринска што дала изјава во летото кога бевте овде присутни, дека кажа дека има тројца инвеститори, за тоа се налутил инвеститорот и не сакал да инвестира во нашава фирма. Сакал да остане како единствен и сега ја префрлаат топката, Шекеринска да ги најде кои се тие тројца инвеститори. Ова ни го кажа Софија Јовановска, претставник на државниот капитал и му наложи на Тони Петрески, што ни е претседател на управниот одбор, а воедно работи и во Министерството за одбрана, да се консултира со Шекеринска и да ги донесат тие купци што ги најави Шекеринска“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во Еурокомпозит.
Тој додава дека од јануари досега им биле исплатени мали делови од заостанати плати и всушност, немаат плата за овие месеци и не им се исплаќа здравствено осигурување.
Според Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“, директорот не си ја врши работата и затоа вработените бараат негова оставка.
Побаравме ocтавка и од овој директор кој, очиглено, ништо не прави за работите да се поместат од статус-кво ситуацијата. Кажува дека има работа, а всушност немаме никаква работа – рече Јагуриноски.
Во „Еурокомпозит“ 154. вработени беа прогласени за технолошки вишок и според законот што беше усвоен од Парламентот, на сите им се иплаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, додека 60-ината вработени чекаат инвеститор и извесна иднина.