Вработените во компанијата “Eурокомпозит” денеска на два фронта ги бараат своите работнички права. Дел пред влада со шатори, а дел протестираа пред општина Прилеп.
Барањата до властите се исти. Редовна исплата на сработените плати и исплата на придонеси.
Според претстаниците на синдикалната организација, ова ветување тие го добиле од вице премиерот Кочо Анѓушев, но платата повторно доцни со денови.
Во понеделникот Анѓушев и Сугарески беа во посета на општина Прилеп, но не остварија средба со вработените од оваа компанија.