” Еурокoмпозит” има нов директор

Машинскиот инженер, Златко Граороски од денеска со Одлука на Владата на Република Македонија е именуван за генерален и прв извршен директор на „Еурокомпозит“ А.Д. Прилеп на местото на Гоце Јагуриноски.

„Заложбите се во правец на изнаоѓање конечни решенија за оваа прилепска компанија со околу 240 вработени. Првин ќе ја скенираме детално состојата, за да се добие комплетна слика компанијата, а потоа ни претстојат огромни задачи“, изјави директорот Граороски.

„Еурокомпозит“ А.Д. Прилеп е единствена фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста, со целосно државен капитал. Вработените во овој прилепски загубар бараат со години конечно решавање на својот и статусот на фирмата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.