Министрите за надворешни работи на ЕУ планираат да ја донесат оваа одлука на дводневниот состанок во Прага кој започнува утре, пишува Фајненшл тајмс повикувајќи се на три извори кои учествувале во разговорите, пишува Инфомакс.
„Несоодветно е руските туристи да шетаат низ нашите градови, покрај нашите пристаништа. Мораме да испратиме сигнал до руското население дека оваа војна е неприфатлива,“, изјавил висок претставник на ЕУ.
Планот за суспендирање на договорот од 2007 година предвидува укинување на повластениот третман за Русите кога аплицираат за сите визи за ЕУ.
„Ние сме во исклучителна ситуација и тоа бара исклучителни чекори. Сакаме да излеземе подалеку од суспензијата на визните олеснувања“, изјавил висок европски функционер.
Финска, Полска и балтичките земји кои граничат со Русија соопштија дека се подготвени да ги спречат Русите да влегуваат на нивната територија со туристички визи, наведувајќи ги исклучоците за националната безбедност од Шенгенскиот договор.
„Навистина се надевам дека ќе се најде заедничко европско решение за тоа како значително да се ограничи протокот на руски туристи во Европа“, изјавил литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.