Шефот на Делегацијата, Самуел Жбогар, и амбасадорот на Германија, Кристине Алтхаузер, денес го посетија Прилеп, каде што со помош од 21,5 милиони евра од ЕУ се прави прочистителна станица за отпадни води, како и рехабилитација и продолжување на канализацискиот систем. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Прилеп и Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ од Прилеп.
Амбасадорите денеска ги посетија локациите каде се врши изградба на новата канализациона мрежа и изградбата на пречистителната станица во Прилеп.
Нивниот прием во општината беше непријатен, поради целосната нагрденост на општинската зграда за време на протестите од т.н. “шарена револуција”.
Aмбасадорите беа згрозени од ваквиот изглед на новата општинска зграда во Прилеп и имаа прилика да забележат какви штети нанесоа минатогодишните протести, предводени од опозицијата.
Фасадата на зградата која е гордост на прилепчани секојднено беше уништувана, а ваквите грозоморни дејствија ја чинеа општинската каса многу средства.
Иако негодувањето на граѓаните беше огромно, а реакциите беа гласни, за тоа немаа слух од СДСМ и продолжуваа со уништување на општествениот имот.
Ве потсетуваме на грозната слика со која прилепчани и сите оние кои го посетуваа градот под “Марковите кули” се соочуваа секојдевно за време на минатогодишните протести.
Оштетувањето на општинската зграда е видливо и денес, а ваквото дивеење ќе биде на товар на сите граѓани на општина Прилеп.