“Етно вешта жена” во Прилеп

_mg_5589

Годинава по 6–ти пат во Прилеп се организираше манифестацијата „Етно вешта жена“, на која прилеските домаќинки се претставија со посна светиниколска трпеза.

_mg_5621

Гости на вечерта им беа припадничките на понежниот пол од соседниот град, Битола кои се претставија со изработка на новогодишна маса.

_mg_5635

Приготвените специјалитети беа навистина уникатни. Вештите жени истакнаа дека најважно на ваквите средби е нивното меѓусебно дружење, а не натпреварувањето кој има подготвено поубаво, повкусно или декоративно јадење.

_mg_5660

Овој настан беше поддржан од страна на  локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и ги пофали за подготвените ремек дела кои секогаш претставуваат вистинска кулинарска атракција.

_mg_5689

Манифестацијата „Етно вешта жена“ има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за децата со посебни потреби, посочија организаторките.

_mg_5757

_mg_5747

_mg_5744

_mg_5704

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.