Естрадниот пејач од Прилеп, Оливер Лозаноски, преку несебична донација од новогодишни пакетчиња, денеска ги израдува дечињата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски”, гест кои наиде на голем број позитивни реакции.
Децата го пречекаа со прегратки и љубов, а тој повика никогаш да не ги забораваме, особено во овие празнични денови.
-Посебна благодарност упатуваме до приватниот донатор Оливер Лозаноски за неговата предновогодишна посета и вниманието што им го подари на децата со посебни образовни потреби. Вашата донација во вид на новогодишни колетчиња не беше само празничен подарок, туку и искрена порака дека секое дете заслужува радост, внимание и насмевка. Во очите на децата се виде среќата, а во нивните срца се почувствува топлината на човечноста што ја донесовте со себе. Ваквите гестови не се мерат со вредноста на подароците, туку со големината на срцето што стои зад нив. Благодарение на луѓе како Вас, празниците добиваат вистинска смисла, а надежта станува посилна. Ви благодариме што одбравте да бидете дел од нивната радост и што покажавте дека хуманоста живее во малите, но искрени дела – напишаа од училиштето на социјалните мрежи.
























