Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на Македонија со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.
Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.