Ердоган: “Турците ќе се качат на Месечината до 2023 година”

Турција цели кон првиот контакт со Месечината како дел од нивната вселенска национална програма и тоа до 2023 година, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.

“Првото слетување на Месечината ќе го направиме со нашата национална и автентична хибридна ракета, а тоа треба се случи во 2023 година”, вели Ердоган.

Турскиот претседател не ја удостои јавноста со повеќе детали. Минатиот месец, Ергоган разговарал со извршниот директор на Тесла и SpaceX, Илон Маск, за можна соработка со турските компании.

На настанот во Анкара, Ердоган соопшти 10 национални цели меѓу кои и испраќање на првиот Турчин на научна мисија во вселената.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.