Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави договор со рускиот претседател Владимир Путин за формирање гасен центар во Турција, најголем во Европа.
Денес европските земји активно бараат начини за купување гас, додека Турција нема такви проблеми, рече Ердоган, пренесува од турската новинарска агенција Анадолу.
„Путин го кажа токму тоа – Европа може да купува гас преку Турција“, рече Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на состанокот на парламентарната фракција на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара во средата.
На предлог на рускиот претседател, новиот центар би можел да стане трговска платформа која ги одредува цените на европскиот пазар, бидејќи холандскиот центар ТТФ повеќе не ги одредува реалните цени.
„Гаспром“ е технички подготвен да изгради капацитети за пренос на гас на Црното Море и да создаде платформа за трговија со гас на границата на Турција и Европската унија, изјави на 12 октомври шефот на компанијата Алексеј Милер.
„Технички сме подготвени да изградиме капацитети за пренос на гас. Што се однесува до центарот, без сомнение треба да се разгледа ова прашање за трговска платформа на границата на Европската унија и Турција“, рече Милер.