Ердоган ги повика муслиманите да се обединат против муслиманите

Тој нагласи дека доколку „муслиманите не направат нешто за да ги спречат овие терористички организации, тогаш сите нивни дејства, кои ја загрозуваат нашата религија, ќе продолжат“.

erdogan2-650x396

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика муслиманите ширум светот да се обединат во борбата против тероризмот.

Како муслимани ние имаме важна мисија да застанаме против организации како што се Исламска држава, Ал Каеда, Боко Харам, кои им нанесуваат најголеми штети на муслиманите, користејќи го името на исламот, истакна Ердоган синоќа во Истанбул.

Тој нагласи дека доколку „муслиманите не направат нешто за да ги спречат овие терористички организации, тогаш сите нивни дејства, кои ја загрозуваат нашата религија, ќе продолжат“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.