Документарниот филм “Meдена земја” на нашите режисери Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и официјално е номиниран за Оскар во две категории.
Македонското ремек дело ќе се бори во категориите: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.
Режисерите моментално се наоѓаат во Еквадор, а на Фејсбук ги објавија нивните реакции после дознавањето на веста дека “Медена земја” ќе се бори за Оскар во две категории.