Maрко Пејчиновски, малиот херој од Охрид, кој минатата година го преплива Охридското Езеро, оваа година се подготвува за нов голем подвиг.
На својата Фејсбук фан страна Марко најави дека на големиот христијански празник, Голема Богородица, ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.
Марко ќе плива за децата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.
Денеска тој се помоли пред Бога за да успее неговиот нов подвиг од 64 километри должина.
“Господе, и денес велам нека биде ВОЉАТА твоја!” Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64км – за РЕТКИТЕ! – напиша Марко на својата Фејсбук страна.