Во престојните денови што доаѓаат – Светските денови на музиката, ученичкиoт хор при ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп и учениците од V-3 одд, кои со својата топлина, енергија и искрена љубов преку музиката, изведоа незаборавна интерпретација на „Полско цвеќе“ – песна на бесмртниот македонски бисер, на нашиот ангел со златен глас, Тоше Проески.
Со секој тон и секој стих, нивните гласови станаа мост помеѓу генерациите, доказ дека споменот на Тоше не згаснува, туку живее и пулсира преку младите срца и гласовите кои пеат од душа.
Од училиштето упатуваат голема благодарност до нивните верни дами од здружението „Преродба“, кои како чувари на традицијата и споменот, постојано го одржуваат пламенот на прилепската култура и човечност.
-А честа да се стои пред споменикот на Тоше е дело на нашиот непрежален колега, уметникот Ристо Тошески – Туло. Туло направи споменикот да не е само симболика, туку тоа да е момент на достоинство, почит и повик да продолжиме да ја негуваме вредноста која Тоше ја носеше…љубов, добрина и човечност. Тоше беше и останува вечен. А ние, со песна, срце и спомен ја продолжуваме неговата светлина. Во чест на Туло нашиот хор ја пее песната од Тоше – напишаа од училиштето.
Видеото го изработи-Фан продукција Пилата
Музика-Чавлески логистик