Фановите на Абердин се збогуваа со својот миленик – Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе игра во дресот на Жирона. Тој во шпанскиот тим оди од таборот на Абердин во кој успеа да стане еден од лидерите и да ги освои срцата на фановите.
Навивачите на шкотскиот тим громогласно го поздравија нашиот репрезентативец, а тој не можеше да ги задржи солзите.
🎶 Somewhere in the box he's scoring 🎶#StandFree | @bojanmiovskii 🇲🇰 pic.twitter.com/hrP1gRDp5k
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) August 11, 2024
🎥🔴 An emotional Bojan Miovski gets a heroes send off from the Aberdeen support, ahead of his move to Girona.#Aberdeen #StMirren pic.twitter.com/T13Y92OsEl
— PLZ Soccer (@PLZSoccer) August 11, 2024